Италијанската Аталанта пронајде засилување за нападот кое би можело да го забрза трансферот на Расмус Хојлунд во Манчестер јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ веќе со месеци го следат „новиот Халанд“ силно посакувајќи го во своите редови. Па, сега се очекува договор меѓу клубовите за трансфер вреден околу 70 милиони евра, откако тимот од Бергамо пронајде замена за Хојлунд.
Во прашање е напаѓачот на шпанска Алмерија, Ел-Билал Туре, за кого Аталанта ќе издвои 30 милиони евра. Туре денеска треба да пристигне на лекарски прегледи во Италија, по што ќе следи потписот.
Напаѓачот од Мали минатата сезона постигна седум гола со две асистенции на 21 натпревар во Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА