Аталанта не му дава попуст на Интер, Лукман ги брише сите фотографии

Адебола Лукман делува решено да се пресели во редовите на Интер летово, но тој трансфер нема да се реализира доколку „нероаѕурите“ не ја исплатат суматна која Аталанта инсистира од стартот на преговорите за Нигериецот – во висина од 50 милиони евра.

Одличниот крилен офанзивец ги одби сите останати понуди, јасно ставајќи до знаење дека преселба на „Џузепе Меаца“ му е единствена желба при изборот на нов клуб. Сепак, преговорите одат потешко од очекувањата откако Аталанта ја одби и втората понуда на Интер. „Нероаѕурите“ понудија загарантирани 42 милиони евра плус три милиони поврзани со две клаузули, но од Бергамо  веднаш стигна одговор – Лукман вреди 50 милиони и ниту едно евро помалку.

Калчолигашот од Бергамо летово го продаде Ретеги во Саудиска Арабија за 70 милиони евра така што може да си дозволи да води инает во преговорите со Интер за Лукман, се додека не ја добие сумата што ја посакува.

Во меѓувреме, нигерискиот репрезентативец ги избриша сите фотографии на социјалните мрежи на кои се наоѓаше во дрес на Аталанта, а на описот на инстаграм-профилот сега стои само нигериски фудбалер, откако го избриша името на клубот за кој настапува.

Пораката е јасна – тој сака што поскоро да си замине, но како што се чини во моментов – топката е во рацете на газдите на Интер, кои ќе мораат да платат 50 милиони евра ако сакаат овој трансфер да се реализира.

Се вчитува...