Фудбалерите на Аталанта повторно прокоцкаа шанса да избијат на првото место во домашниот шампионат, откако во премиерниот меч од денешната програма од 27. коло во Серија А ремизираа на домашен терен против Венеција (0-0).
Фудбалерите на домашниот тим одиграа далеку подобро во првиот дел, но не успеаја да ги реализираат своите шанси, па на пауза се замина со најнепопуларниот резултат, почетните 0-0.
Во вториот дел тимот од Бергамо продолжи со нападите, но гостите од Венеција одлично се бранеа и на крајот успеаја да стигнат до бод (0-0).
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

