Интересни три натпревари се одиграа во Серија „А“ попладнево во кои на два меча славеа домашните екипи, а еден дуел заврши нерешено.
Удинезе и Аталанта го одиграа најинтересниот меч, кој заврши без победник 2-2. Гостите од Бергамо може да жалат за овој бод, со оглед дека имаа водство од 0-2, кое го прокоцкаа, па домашните стигнаа до реми. Лoкман во 36. минута донесе предност за Аталанта, а Муриел од пенал во 56. минута зголеми на 2-0. Фантастичен финиш имаа домашните играчи откако Делофеу во 67. минута најпрво намалија, а потоа во 78. минута преку Перез стигнаа до бод. Несторовски не доби шанса за настап за тимот од Удине.
Монца дојде до вториот триумф во Серија „А“ откако го совлада тимот на Специја. Аугусто и Мари ја донесоа победата на домашниот тим со голови во 32. односно 63. минута.
До победа стигна и Салернитана, која во 94. минута дојде до 2-1 против Верона. Пјонтек донесе водство за домашните, а Депаоли израмни. Во 94. минута Диа успеа да ги донесе трите бода за домашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА