Аталанта „прокоцка“ три гола предност против Торино (ВИДЕО)

Аталанта успеа да прокоцка позитива од три гола разлика и на крајот да одигра само реми (3-3) со Торино во натпревар од 21. коло во италијанската Серија А. Домаќините за само 21. минута дојдоа до предност од 3-0 со головите на Иличиќ, Госенс и Муриел. До крајот на првите 45. Торино преку Белоти и Бремер намали на 3-2, а конечните 3-3 ги постави Бонацоли во 84. минута.

Аталанта останува на седмата позиција на првенствената табела со 37 бода, додека Торино е 17. со 16 бода. Во вториот натпревар од програмата од 15 часот Специја славеше на гостувањето кај Сасуоло со 1-2.

 

 

Се вчитува...