Аталанта промаши пенал и остана без победа

Аталанта се повеќе губи чекор со водечките Наполи и Интер на калчолигашката табела откако тимот од Бергамо направи уште еден „кикс“, овојпат ремизирајќи 1-1 на домашен терен против Торино.

Елиф Елмас не настапи за својот нов клуб во Бергамо, но неговите соиграчи импресионираа со храбра игра и дисциплинирана одбрана, стигнувајќи до голем бод на овој „жежок терен“. Аталанта имаше целосна контрола над играта, заслужено поведувајќи преку Џимшити кон средината на првото полувреме. Радоста на домаќините сепак кратко траеше бидејќи Марипан успеа да израмни во 40. минута.

Аталанта продолжи да напаѓа и во второто полувреме, а домаќините можат да жалат за преостанатите два бода од овој меч ако се знае дека добија и пенал, но Ретегуи од белата точка не успеа да го совлада Милинковиќ – Савиќ.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...