Екипата на Аталанта вчера објави дека на дуелот со Рома, ќе настапи со нови дресови. Станува збор за божиќен комплет, а новите дресови се изработени со специјални материјали, а има и визуелни промени. Најголемо внимание е силуетата на згради во Бергамо на дното во дресот.
Меѓутоа овој детал наместо да ги израдува, ги шокираше навивачите. Тие тврдат дека на дресот не е Бергамо, туку Торино.
Во врска со инцидентот, Аталанта на своите социјални мрежи објавила службено соопштение од страна на произведувачот „Јома“ која ги изработиле дресовите.
„ЈОМА спорт нагласува дека силуетата на дното на дресовите е градот Бергамо, и не се однесува на ниту еден друг град. Станува збор за стилизација, и разбираме дека некои детали не одговораат на вообичајниот приказ, а свсни дме дека постојат многу прикази на хоризонтот на Бергамо. Прикажувајќи го градот, сакавме да дадеме еден посебен поглед на некои од елементите на градот, знаејќи дека ќе добие внимание. Направен е за добротворни цели. Со жалење напоменуваме дека ниту еден медиум, не ја контактираше ниту ЈОМА, ниту Аталанта и не побара информации околу деталите пред да почнат полемиките на социјалните мрежи“, се наведува во соопштението.
Дресот чини 145 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА