Аталанта само со реми на домашен терен против Комо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта пропуштија барем вечерва да се израмнат на врвот на табелата со уште четири тима во италијанскиот шампионат откако одиграа само реми 1-1 на домашен терен против Комо во натпревар од 6. коло од Серија А.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Лазар Самарџиќ во 6. минута од натпреварот. Гостите израмнија на 1-1 преку Пероне во 19. минута. До крајот мируваа мрежите па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...