Екипата на Аталанта направи голем чекор кон пласманот во Лигата на шампионите, откако лесно и убедливо со 0-4 го совлада тимот на Монца на гостински терен. „Фенерџијата“ ниту имаше шанси, ниту сила да му парира на фаворитот кој стигна до убедлив триумф кој го доближи до третото место на табелата.
Де Кетелар беше апсолутен херој во првиот дел, откако постигна два гола. Најпрво во 12. минута, а потоа и во 23. минута.
Во вториот дел Лукман во 47. минута и Брешанини во финишот од средбата ја потврдија победата на гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

