Аталанта се согласи да го продаде Копмајнерс на Јувентус, но само под еден услов

Jувентус ги финишира преговорите со Аталанта за добивање на услугите на Теун Копмајнерс.

Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот од Бергамо нема да може да го избегне трансферот но за „Старата дама“ има специјален услов како Копмајнерс би се префрлил во Торино.

Аталанта се согласила да го продаде играчот за врска за 50 милиони евра плус бонуси од пет милиони евра, но Јувентус ќе мора да почека за реализацијата на трансферот до Супер куп натпреварот. Аталанта, како освојувач на Лига Европа, ќе игра против европскиот шампион Реал Мадрид, па во клубот сакаат тоа да биде проштален натпревар на Холанѓанецот во сино-црниот дрес.

Се чека одговорот од Јувентус, затоа што и Тиаго Мота сака побрзо да го има на располагање веројатно најважното засилување во овој преоден рок, ако се знае дека на Копмајнерс ќе треба така да чека до 15. август, само пет дена пред првиот настап на Јувентус во новата сезона на Серија А.

Се вчитува...