Аталанта со пенал во 98. минута ја елиминираше Борусија Дортмунд од ЛШ (ВИДЕО)

Неверојатен трилер ни донесе првиот натпревар од вечерашната програма во Лигата на шампионите во кој Аталанта успеа во неверојатна завршница да ја елиминира Борусија Дортмунд.

По поразот во Германија пред седум дена од 2-0, тимот од Бергамо вечерва славеше на домашен терен со 4-1. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Скамака во 5. минута. До крајот на првото полувреме беше и 2-0 со погодокот на Запакоста во 45. минута. На 3-0 зголеми Пашалиќ во 57. минута, додека гостите намалија на 3-1 преку Адејеми во 75. минута. И кога сите мислеа дека натпреварот ќе замине во продолженија, Аталанта во 98. минута доби пенал кој успешно го реализираше Самарџиќ за голема победа и пласман во осминафиналето од елитното натпреварување.

Atalanta [4] – 1 Borussia Dortmund – Lazar Samardzic (penalty) 90‎+‎8‎'‎ + second yellow card for Ramy Bensebaini (Dortmund)
byu/gbogaz insoccer

Се вчитува...