Аталанта со „петарда“ против Емполи ја продолжи битката за Калчото (ВИДЕО)

Аталанта активно ја продолжува битката за освојување на Калчото, заедно со водечките Интер и Наполи, откако во 26. коло убедливо со 0-5 славеше на гостувањето против Емполи.

Тотална доминација на тимот од Бергамо кој победата ја најави со три гола уште во првото полувреме, од кои третиот во 43. минута на Лукман за веќе сериозна најава за триумф.

Во второто полувреме, Лукман во 55. минута беше стрелец и на својот втор гол на мечот, а конечните 0-5 ги постави Запакоста во 74. минута од средбата.

Се вчитува...