Аталанта со победа над Калјари, Фиорентина триумфално од Удине

Екипата на Аталанта продолжува во стил „топло-ладно“ во Серија А. Денеска тимот од Бергамо го совлада составот на Калјари со 2-0.

Лукман во 33. минута на додавање на Де Кеталар успеа да однесе предност, а во 76. минута Пашалиќ успеа да ја запечати победата. И Калјари имаше свои шанси кои не ги искористи. Интеренсо, односнот на удари на двата тима беше 11-11.

Фиорентина дојде до третиот триумф во сезоната откако го совлада Удинезе на гостувањето со 0-2. Стрелци на головите беа Маритнез Куарта и Бонавентура.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...