Аталанта со убедлива победа над Сампдорија се врати на победничките патеки во Серија А (ВИДЕО)

Аталанта со убедлива победа од 4-0 ја совлада Сампдорија на домашен терен во Бергамо, натпревар во рамки на 27. коло од италијанската Серија А.

Марио Пашалиќ уште во 6. минута ја најави победата на домашниот тим, откако успеа да ја затресе мрежата за голема радост на присутната публика. Практично овој брз гол значеше и рушење на целата формација и поставеност на Сампдорија, а ваквата нивна „кршливост“ овозможи Аталанта да ја наметне својата препознатлива игра. Се разбира, ваквата иницијатива се исплати, а Теун Купмајнерс беше прецизен во 29. минута. На пауза Аталанта замина со два гола предност (2-0).

Во второто полувреме Аталанта преку рутинска игра ја потврди новата победа во Серија А, а конечниот реузлтат од 4-0 го постави Купмајнерс во 61. минута, кој успеа по вторпат да се запише во листата на стрелци, негово друштво му направи и Алексеј Миранчук, кој постигна одличен гол преку соло акција во 86. минута.

По поразот од Фиорентина, Аталанта со овој триумф се враќа на победничките патеки во Серија А, а воедно си ги враќа и шансите за борба меѓу најдобрите четири кои водат до пласман во Лигата на шампиони.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...