Аталанта тоне, Верона стигна до прва победа

Аталанта продолжува да тоне на табелата во Калчо-лигата откако вечерва загуби од „фенерџијата“ Верона, екипа што во пресрет на ова коло немаше ниту една победа, но успеа да триумфира над гостите од Бергамо со 3-1.

„Веронезите“ влегоа максимално мотивирани и преку Белгали и Џоване заминаа на одмор со предност од 2-0.

Домашниот тим не дозволи камбек и пресврт, во второто полувреме поведе и со 3-0 преку Бернеде, а се што успеа да направи Аталанта до самиот крај беше утешниот погодок на Скамака постигнат од пенал.

Ова е четврти пораз на Аталанта во последните пет рунди, па неслучајно тимот од Бергамо падна на 12. место на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...