Аталанта игра извонреден офанзивен фудбал цела сезона, што придонесе тимот од Бергамо да стигне до фантастичен подвиг, тројца различни фудбалери да постигнат најмалку по 15 погодоци во Калчо-лигата.
Муриел е најдобар стрелец со 17 гола, 15 зад своето име имаше Иличиќ, а рамо до рамо со Словенецот е и Дуван Запата, кој својот гол број 15 го постигна на синоќешното дерби со Јувентус. Последен тим што имал три стрелци со 15+ погодоци во една сезона е Јувентус, и тоа пред цели 68 години, кога тоа им успеа на Ермер Мучинели, Џампјеро Бониперти и на Џон Хансен.
Во Топ 5 лигите, последна екипа што успеала да стигне до вакви бројки е ПСЖ во сезоната 2018/19 (Нејмар, Мбапе и Кавани).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

