Фудбалерите на Аталанта во последен момент успеаја да се спасат од срам и да одиграат реми 2-2 на гостувањето кај Специја во натпревар од 16. коло во италијанската Серија А.
Домаќините уште во осмата минута стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Ѓаси. До крајот на првото полувреме веќе беше и 2-0 откако прецизно стрелаше Нзола во 31. минута. Во вториот дел Хојлунд во 77. минута намали на 2-1, додека конечните 2-2 ги постави Марио Пашалиќ во 92. минута.
Во вториот натпревар од програмата во 14.30 часот Торино и Верона одиграа без победник 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА