Аталанта за десет минути го среди Торино

Аталанта ja забележа и втората победа во низа во Серија А, откако полесно од очекувањата стигна до цел плен на незгодното гостување во Торино. Иако без неколку стандардни првотимци во своите редови, гостинот од Бергамо одигра одличен меч, стигнувајќи до победата благодарение на феноменанлниот период од 30. до 40. минунта во кој три пати го матираа домашниот голман.

Новото засилување Крстовиќ стрелаше прецизно во 30. минута за водство од 0-1, четири минути подоцна прецизен беше и Сулемана, пред Крстовиќ во 38. минута да го постигне својот втор гол на мечот, воедно и втор во дресот на Аталанта по летниот трансфер од Лече.

Во вториот меч од денешната попладневна програма Кремонезе и Парма ремизираа играјќи без голови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...