Атаман: А што да славиме? Што Лесор ја скрши ногата, или за навивачот што доживеа срцев удар?

Панатинаикос ниту најмалку не се израдува на синоќешната победа над Басконија во Евролигата која беше засенета од страшната повреда на Матијас Лесор.

Французинот при еден незгоден доскок се чини ја скрши ногата, што доведе огромен немир на трибините меѓу навивачите на Панатинаикос. Па, грчките медиуми информираат дека токму во тие моменти по таа глетка дури девет фанови кои биле во непосредна близина побарале медицинска помош, а еден доживеал и срцев удар.

По мечот вознемирен беше и тренерот на грчкиот тим, Ергин Атаман…

„А, што да славиме вечерва? Тоа што мислам дека Лесор ја скрши ногата, или тоа што навивач доживеа срцев удар. Целиот тим беше во шок по тоа што се случи, а на трибините мислам дека навивач доживеа срцев удар. Искрено се надевам дека Матијас ќе биде најдобро што може, а навивачот исто така ќе оздрави. Тоа сега е најважно. Ништо друго“ – изјави Атаман по мечот.

Медиумите од Грција известуваат дека сезоната за Лесор ќе биде завршена, ако се потврди првичната информација за скршеница на ногата.

Се вчитува...