Турскиот стратег на клупата на актуелниот евролигашки шампион Панатинаикос, Егин Атаман не го криеше незадоволството од натпреварот против Црвена Звезда во кој неговите избраници стигнаа до минимален триумф по едно продолжение.
Атаман изјави дека неговиот тим не покажал шампионски менталитет и доколку одигра како на средбата против српскиот тим во плеј-офот во кој се среќава со Анадолу Ефес, нема да се пласира на завршницата на првенството.
„Ова не е срце на шампион. Овој менталитет нема да не одведе далеку. Примиве 101 поен од Париз, а од Звезда во регуларниот дел дури 96 поени. Оваа игра нема да не одведе на „фајнл-фор“. Го добивме овој натпревар, но со ваква игра нема да можеме да се натпреваруваме со Ефес и ќе го гледаме завршниот турнир на телевизија“, изјави Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА