Атаман бесен: 10 илјади необразовани луѓе скандираа против мојата мајка

Панатинаикос го победи Фенербахче во големото дерби на Евролигата, судир меѓу двата најнови шампиони на натпреварувањето.

Резултатот беше 81:77 за тимот од Атина на гостувањето во Истанбул, каде Ергин Атаман беше пречекан во исклучително непријателска атмосфера. По натпреварот, трофејниот тренер не го криеше своето негодување за тоа што се случуваше на трибините.

„Не разбирам зошто, но 10.000 необразовани навивачи на Фенербахче почнаа да скандираат кон мојата 88-годишна, образована мајка. Потоа Бог ни помогна. Нашите играчи почнаа да шутираат и игравме агресивно во одбраната. Бог ни помогна и ние го дадовме потребниот одговор на теренот. Тоа е сè. Навистина ми е жал за скандирањето на тие необразовани луѓе “, рече Атаман.

Се вчитува...