Европскиот првак Анадолу Ефес претрпе убедлив пораз од 94-75 на гостувањето против Црвена Звезда, меч чиј крај Ергин Атаман не го дочека на клупата откако беше исклучен од судиите.
Турскиот стратег бурно протестираше на бројни одлуки, со што ја крена атмосферата на трибините и предизвика бројни скандирања против него. Атаман во изјавата по мечот јавно ги критикуваше навивачите на Црвена Звезда за ваквиот однос кон него.
„Натпреварот против Макаби е нашиот најважен дуел во борбата за плејофот. Без оглед на проблемите со повредите, сигурно ќе победиме со мотивацијата и атмосферата што ја создаваат нашите навивачи. Уште еднаш ја увидов убавината во атмосферата во Истанбул, преку нашите навивачи кои секогаш го одржуваат духот на ферплејот што го разубавува спортот. Навредите што навивачите на Црвена Звезда ми ги упатуваа во Белград се срамота за кошарката како спорт, но и за организацијата на Евролигата“, изјави Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА