Селекторот на Турција, Ергин Атаман беше скршен од тага по драматичниот пораз од Франција по продолжението во осминафиналето на Евробаскетот 2022.
Темпераментниот тренер не сакаше да зборува премногу на официјалната прес-конференција, па само кратко проговори дека се чувствува лошо.
„Како се чувствувам? Знам дека тука има многу новинари и треба да ја вршите својата работа, но јас не сакам многу да го коментирам натпреварот. Всушност, би сакал да кажам дека болката е голема … ова веројатно е најлошиот емоционален пораз во мојата 26-годишна кариера како тренер. Честитки до Франција. Се надевам ќе продолжат добро и понатаму во четвртфиналето“, рече турскиот селектор.
Ergin Ataman devastated after Turkey’s heartbreaking loss to France.
“Maybe the worst emotional loss of my coaching career” pic.twitter.com/NGWkQKCcXI
— Antonis Stroggylakis (@AStroggylakis) September 10, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА