Панатинаикос слабо ја почна новата сезона во која „зелено-белите“ влегоа како главни фаворити за титулата во Евролигата. Една од причините за ваквиот епитет беше и ангажманот на Ти-Џеј Шортс, извонредниот плејмејкер кој имаше сезона за паметење, го бараша половина Евролига, но тој го избра ПАО за следна дестинација во кариерата.
Македонскиот репрезентативец сепак се мачи во новата средина, не добива преголема минутажа и е во целосна сенка на Кендрик Нан, што влијае и врз неговата самодоверба за време на натпреварите. По слабото издание и убедливиот пораз синоќа од Црвена Звезда, тренерот Ергин Атаман се осврна и на овој проблем во својот тим.
„Реалноста е дека не сум задоволен од она што го гледам од Шортс во дресот на Панатинаикос од стартот на сезонава. Можеби вината е кај него, можеби е кај нас, но на сите им е јасно што очекувавме кога го носевме во ПАО, а што гледаме на теренот. Се надевам дека тоа наскоро ќе се промени“, изјави Атаман по синоќешното фијаско во Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

