Турција рутински славеше во четвртфиналната пресметка со Полска, но тој триумф беше скапо платен поради повредата што ја заработи Џеди Осман во третата четртина, по еден незгоден судир со Понитка.
Веднаш беше очигледен проблемот со стапалото, Осман пред крајот успеа дури и да се врати на терен и да одигра неколку минути во завршницата, но селекторот Ергин Атаман обелодени дека состојбата на големиот ас во меѓувреме се влошила, па неизвесно е дали тој ќе може да настапи на полуфиналето со Грција закажано за петок.
„Имавме состанок со медицинскиот тим утрово, бев известен за состојбата на Џеди Осман и нивните напори да го оспособар да игра во полуфиналето. Имавме среќа бидејќи ен станува збор за фрактура, но се уште постои сериозенн проблем – голем оток на местото на повредата поради кој не може ниту да згазне. Имаме среќа, ако полуфиналето се играше денеска или утре, Џеди сигурно немаше да може да ни помогне. Ќе видиме што ќе се случи, лекарите ќе сторат се за да го оспособат за настап в петок. Се надевам дека ќе биде здрав, бидејќи ако е само на 50%, подобро да не игра. Одлуката ќе ја донесам на денот на полуфиналето по консултациите со лекарите“, истакна Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

