Селекторот на Турција и тренер на Панатинаикос Ергин Атаман ги шокираше Србите со изјава дека Алперен Шенгун е подобар додавач од српскиот репрезентативец Никола Јокиќ.
Атаман во интервју за „EURO Insiders“ објасни дека центарот на Хјустон, кого го нарекуваат „бејби Јокиќ“, на низок пост е подобар асистент од српскиот кошаркар.
„Технички, Шенгун е многу добар на низок пост, но најдобар центар на светот по способност за додавања. Според мене, подобар од Јокиќ. Има 22-23 години и ќе биде уште подобар. Неверојатен е додавач, може да го користите како плејмејкер. Невозможно е да го чувате „еден на еден“, тој е стрелец, скокач, и ќе видите дека оваа година ќе има 3-4 трипл-дабл во НБА. Впрочем, таму е полесно затоа што не сакаат да играат одбрана“, рече Атаман.
„Минатата година беше Ол-стар, но не дојде во репрезентацијата со таков став. Беше еднаков со сите. Ако вашата ѕвезда има ѕвездено однесување, тоа не е добро за тимот, само ги отежнува работите. Мора да имате пријателска атмосфера во соблекувалната “, рече Атаман
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

