Евролигашкиот шампион Панатинаикос само детали го делат од промоција на второто големо засилување ова лето. Пред премин во „зелените“ редови е турскиот центар Омер Јутсевен кој според информациите на грчките медиуми ќе потпише двегодишен договор со клубот од Атина.
Според договорот 26-годишниот центар висок 213 сантиметри ќе заработи еден милион евра за престојната сезона, но постои можност и да го напушти клубот со откупна клаузула по крајот на сезоната 2024/25.
Јутсевен пристигнува во главниот град на Грција на желба на тренерот Ергин Атаман кој со поранешниот кошаркар на Јута и Мајами соработуваше во турската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА