Атаман имал инцидент со полицаец во Берлин

Голем скандал е на повидок во Берлин на Фајнл-фор турнирот во Евролигата. Ергин Атаман не само што беше мета на навивачите на Фенербахче, туку заврши на подот во самиот хотел бидејќи беше турнат од полицаец, изјави тренерот на Панатинаикос за турските медиуми.

Атаман изјави дека бил турнат од полицаец во фоајето на хотелот каде се сместен тимот.

„Со семејството го чекав лифтот, полицаецот ме турна и потоа завршив на земја. Полицијата треба да не заштити. Грубо ме оттурна. Има видеа и сведоци на инцидентот. За ова се информирани нашиот претседател, министерот за надворешни работи и нашата амбасада во Берлин“, изјави Ергин Атман.

Инаку, кога пристигна во хотелот, доби големи навреди од навивачите на Фенербахче, им одговори во неколку реченици, а потоабеснееше во самиот хотел. Викаше дека нема обезбедување и дека треба да се вратат во Атина.

Се вчитува...