Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман вечерва е итно хоспитализиран по натпреварот во грчкото првенство против екипата на Перистери, пренесуваат грчките медиуми.
Уште пред крајот на самиот натпревар кој Панатинаикос го доби со 104-68, турскиот тренер се почувствувал лошо поради што предвреме ја напуштил салата.
Како што пренесуваат Грците, Атаман почувствувал слабост и вртоглавица поради што е ставен на детални испитувања. Од болницата информираа дека наредниве денови ќе има детални прегледи и ќе се следи неговата состојба.
Панатинаикос во вторник го очекува дуел против Макаби Тел Авив во Евролигата, а веќе во четврток е пресметката и со Виртус Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА