Атаман ја губи самодовербата: Може да заборавиме за плеј-оф

Престојното двојно коло во Евролигата за актуелиот шампион Панатинаикос носи натпревари против турските претставници Фенербахче и Андолу Ефес, натпревари кои грчкиот тим мора да ги добие доколку сака да остане во игра за плеј-офот, како што вели Ергин Атаман.

Самоуверениот тренер кој често застанува на страна на своите кошаркари, овој пат упати зборови кои загрижуваат по амбиците за одбрана на шампионскиот трофеј.

„Мора да ги добиеме сите домашни натпревари до крајот на сезоната. Тоа е нашата реалност. Ако не, може да заборавиме за Ф4 или плеј-офот. Мора да победиме“, изјави Атаман.

Со 14 победи и 10 порази Панатинаикос е на делба на петтата позиција на табелата, но разликата во победи со 10. тим на табелата е само една победа.

Се вчитува...