Панатинаикос го загуби првиот трофеј во сезоната откако во финалето на грчкиот Суперкуп беше поразен од вечниот ривал Олимпијакос со резултат 86-85.
Тоа сепак не го загрижува многу тренерот Ергин Атаман кој по средбата ги увери навивачите во „зелено“ дека неговиот тим ќе го повтори минатосезонскиот успех и ќе стигне до титулите во грчкиот шампионат и Евролигата.
„Ќе бидеме подготвени за Евролигата и првенството на Грција. На крајот се ќе освоиме“, вели Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА