Атаман: Ќе си заминам од ПАО ако не освоиме важен трофеј

Панатинаикос е далеку од посакуваната форма, „зелените“ од Атина имаат десет порази во низа во градските пресметки со Олимпијакос, а во Евролигата не им оди ниту со другите ривали.

Поразот од Олимпија Милано на домашен терен беше oсми во 20. евролигашки натпревар сезонава, а Ергин Атаман се почесто се мачи да го извлече максимумот од својот тим.

Турскиот стратег пред две сезони стигна до титулата во Евролигата, лани остана без ниту еден позначаен трофеј, а Атаман најави дека ќе си змаине од клупата на Панатинаиккос ако тоа се повтори и оваа сезона.

„Не е време да се прави драма, во Евролигата секој тим бележи победи и порази. Како што загубивме дома од Милано, годинава имаме гостински победи во Мадрид, Каунас, во Турција против Фенербахче, лигата е долга и нормално е во неа да има подеми и падови. Против Милано загубивме поради слабата игра во второто полувреме, но верувам дека ќе се вратиме на победнички патеки. Не се сомневам дека ќе се бориме за трофеи и ќе освоиме најмалку еден, а доколку не бидеме шампиони на Грција или во Евролигата, јас ќе си заминам“, истакна Атаман.

Се вчитува...