Ерата на Ергин Атаман во редовите на Ефес траеше шест години, период во кој турскиот тим стигна до два трофеи во Еволигата, но по преминот на харизматичниот стратег во Панатинакос тимот запона нова ера во која главниот збор ќе го има Ердем Чан.
Чан стекна големо искуство како соработник со Жељко Обрадовиќ во Фенербахче, а благодарноста кон Србинот ја изрази со бакнеж на раката на пријателскиот натпревар помеѓу Партизан и Ефес во Атина, потег кој наиде на критика од страна на Атаман.
„Како навивач на Ефес тоа што Ердем Чан јавно ја бакна раката на тренер кој беше ривал на Ефес многу ме навреди. Нормално е да има почит, како почитта која ја имам јас кон Ајдин Орс, но никогаш не би ја бакнал раката на Ајдин на јавно место.
Го почитувам Чан, но сакав шанса да добиеше Јакуп Секизкок. Според мене Јакуп ја заслужи шансата. Тој беше значаен дел од Ефес во походот кон сите тие трофеи“, изјави Атаман.
Student going up against his teacher 🥰
🇹🇷 Erdem Can 🤝 Zeljko Obradovic 🇷🇸 pic.twitter.com/0jqqyI4Y1C
— BasketNews (@BasketNews_com) September 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА