Атаман: Не ме интересираат никакви ср*ња тука сме да освоиме медал

Кошаркарите на Турција и Полска се среќаваат во првиот четвртфинален натпревар на Евробаскетот во Рига.

Селекторот на Турција, Ергин Атаман, се обрати на медиумите пред натпреварот и рече дека не го интересираат споредбите со претходните генерации, а се осврна и на листата на фаворити на ФИБА за медал.

„Не размислуваме дали сме најдобриот или најлошиот турски тим, тука сме за да освоиме медал. ФИБА сака да прави такви работи, рангирања и слично, но тие срања мене не ме интересираат. Единствената реалност е теренот и што се добива на него. Ќе видиме на крајот од првенството каде ќе завршиме“, рече Атаман.

Се вчитува...