Турскиот стратег Ергин Атаман кој последниот успех во богатата кариера го живее на клупата на Панатинаикос со кој е актуелен шампион на Евролигата одново говореше за можноста да работи во НБА лигата.
Тој вели дека не му е сон да биде тренер во НБА, но сака да се докаже и на највисокото можно ниво.
„Ако има сериозни клубови секако. Јас сум професионалец. За сите европски тренери е чест да работат во НБА. Зошто да не? Јас секогаш имам самодоверба. Отворен сум за тоа. Ја знам тактината и ако има клуб и стручен штаб кои веруваат во мојата работа можам да успеам.
Медиумите ме прашуваат дали ми е сон да одам во НБА. Не, не ми е сон бидејќи во кариерата сега сум на врвно ниво во Европа“, изјави Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА