Барселона направи подвиг на гостувањето против Панатинаикос, сред Атина земајќи го скалпот на поранешниот европски првак, и тоа со убедливи 96-10. Ергин Атаман немаше одговор за извонредниот шут од далечина на гостите, кошаркарите на Барселона реализираа дури 16 тројки и си го трасираа патот до победата.
Почетокот беше супердраматичен, Барса отвори со убедливи 0-11, по што Панатинаикос постигна 13 поени во низа и за момент го презеде водството. Сепак, каталонците беа порасположени за игра на овој меч, воедно и во одбраната целосно го неутрализираа Кендрик Нан (10 поени), трасирајќи си го патот кон големата победа.
Најзаслужни за овој триумф беа ветераните Клајбурн со 23 и Шенгелија со 17 поени, додека најефикасен кај ПАО беше Хуанчо Хернангомез со 27 поени.
Монако експресно се опорави од поразот од Жалгирис, па европскиот вицепрвак рутински стигна до триумф над Дубаи од 103-80. Никола Миротиќ одигра маестрално со 32 индексни поени (19 поени, 7 скокови, 4 асистенции), додека Мајк Џејмс реализираше 14 поени и осум асистенции.
Хапоел Тел Авив стигна и до втората победа во второто коло, овојпат како гостин против Ефес со 81-87. Мечот беше решен на половина од четвртата четвртина, кога при четири поени предност за Хапоел беше досуден фаул при обид за тројка на Блекни. Лојд бурно реагираше и доби техничка грешка, збесна тренерот Кокошков кој доби техничка, веднаш потоа и исклучувачка грешка, по што Американецот на Хапоел ги реализираше седумте слободни фрлања што му беа доделени, Израелците се одлепија и на крајот стигнаа до победата. Блејкни со 17 и Брајант со 15 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека прв стрелец на Ефес беше Лојд со 25 поени.
Асвел стига до првата овосезонска победа триумфирајќи над Басконија со 102-95.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

