Турскиот стратег Ергин Атаман ги надмина сите очекувањата по превземањето на Панатинаикос. Во првата сезона со клубот тој ја освои Евролигата по децениска пауза за „зелените“, а и стави крај на две сезонската доминацијата на Олимпијакос во грчкото првенство совладувајќи го вечниот ривал во големото финале.
За успехот доби пофалби и од грчката суперѕвезда Јанис Адетокумпо кој го нарече најдобриот тренер во светот, комплимент со кој тој не се сложува со оглед на тоа што нема НБА искуство, како што вели самиот.
„Не, не се чувствувам како да сум број еден во светот. Немам начин да се споредам со тренерите од НБА. Не сум ниту број еден во историјата на Европа. Во последните пет години четири пати моите тимови играа финале и освоив три титули. Мислам дека тоа е нешто посебно. Ако збориме само за резултати мислам дека сум најдобар во последните пет години“, вели Атаман кој откри и дека имал понуда од важен НБА тим.
„Искрено пред две години имав разговор со генерален менаџер на важен НБА тим. Не би сакал да именувам. Сите знаат дека сакам да бидам дел од НБА во иднина. Пред две години ми кажаа дека треба да одам таму и да бидам дел од стручнен штаб неколку години, да бидам помошен тренер. Но јас имам 58 години. Не сакам да се споредувам, но со оглед на резултатите во последните пет години, јас сум тренер број еден во Евролигата. Зошто би бил помошен тренер во НБА?“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА