Атаман: Панатинаикос да има два тима и двата би играле Ф4 во Евролигата

По триумфот над Партизан во подготвителниот натпревар во Австралија, тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, изјави дека неговиот тим сигурно ќе биде учесник во Фајналфорот на Евролигата во новата сезона и не само тоа.

Турчинот истакнува дека неговиот тим е толку моќен што дури и да направи два тима од него, двата би биле меѓу четирите најдобри во Европа.

„Верувам дека Панатинаикос оваа сезона, дури и да излезе на теренот со два различни тима, двата тима би можеле да се борат за Фајналфорот. Имаме одличен тим. Бевме одличен тим во последните две години, а сега се придружија и некои нови играчи. Верувам дека ќе се бориме за сите наши големи цели оваа сезона“, вели Атаман.

Се вчитува...