Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман ги критикуваше навивачите на Панатинаикос за атмосферата која ја приредија на грчкото вечно дерби против Олимпијакос, натпревар во кој неговиот тим претрпе пораз.
Според Атаман атмосферата во легендарната „Оака“ арена не била на нивото на овие во Белград кога играат Партизан и Црвена Звезда.
„Атмосферата беше добра, но не беше врела. Беше мека, и ние не бевме „бесни“. Требше да бидеме поагресивни, цврсти, но тоа произлегува од атмосферата. Не видов атмосфера каква што прават навивачите на Партизан и Црвена Звезда и тоа е реалност“, изјави Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА