Вжештена е атмосферата во Панатинаикос поради слабата форма на овој тим преполн со ѕвезди, кој важеше за главен фаворит за титулата во Евролигата, но моментно се наоѓа на шестото место на табелата.
Ергин Атаман најави дека ќе си замине од клупата ако не освои еден од двата најважни трофеи (во Евролигата или во грчкиот шампионат), по што грчките медиуми веднаш најавија дека Турчинот е на излезна врата, а главен фаворит за негов наследник – најтрофејниот тренер во историјата на Панатинаикос, Жељко Обрадовиќ.
Очекувано, турскиот стратег збесна од ваквиот развој на настаните, па дел од прес-конференцијата по победата над Виртус Болоња ја посвети на тоа…
„Гледам дека веќе почнува кампања за мое заминување, на социјалните мрежи се ојавуваат луѓе кои ме напаѓаат мене и земјата од која доаѓам. Добивам пораки дека сум Турчин и дека поради тоа не сум добар за Панатинаикос, дека треба да си заминам од Грција. Јас сум горд што сум Турчин, но исто така и многу ја сакам Грција. Се уште верувам во нас, во ПАО, не се откажуваме од големите цели што ги имаме зацртано“, порача Ергин Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

