По девет години поминати при дното на Евролигата, Панатинаикос изминатото лето започна нов проект за чиј лидер го назначи турскиот стартег Ергин Атаман, а истиот резултираше со евролигашка титула уште во првата сезона.
Панатинаикос и Атаман немаат намера да запрат тука и целат кон покорување на Европа на долги стази. За таа цел турскиот стратег веќе го „намерачи“ и новото бомбастично засилување кое според пишувањата на грчките медиуми е хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ.
Сега 30-годишниот крилен центар е дел од НБА лигата од 2016 година каде сепак не успеа да се наметне како апсолутен лидер на еден тим и покрај тоа што имаше запазена улога во Филаделфија.
Кошаркарот кој беше одбран во руки тимот на 2016 година по две сезони поминати во Филаделфија забележа настапи и за Минеоста, Феникс и Оклахома, а последната година ја помина во Голден Стејт. Тој сега е подготвен за враќање поблиску до татковината, а примамливата понуда на Панатинаикос се очекува наскоро да биде прифатена со што грчкиот тим би добил пеколно дуо под обрачите заедно со Мастијас Лесор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА