Атаман пред дуелот со Србија: Јокиќ може да ни даде 50 поени, но …

Се е подготвено за големото шоу во Рига, пресметката во последното коло меѓу Србија и Турција (утре, 20.30 часот) што ќе го даде освојувачот на првото место во групата А.

Тоа ќе значи и нешто полесен противник во осминафиналето (најверојатно Црна Гора, додека поразениот би требало да игра со Финска предводена од Марканен), па јасно е дека двете селекции ќе сторат се за да стигнат до победата. Турскиот селектор Ергин Атаман верува во квалитетите на својата репрезентација и смета дека колективната игра може да биде главен адут против ривал во кој главната улога дефинитивно ќе ја има Никола Јокиќ.

„Дали имаме решение за Јокиќ? Не, мислам дека никој нема… Може да се случи тој да ни даде и 50 поени, но јас верувам во мојата репрезентација. Ќе сториме се за да победиме, знаеме дека сме доволно добри. Сепак, ќе повторам нешто од пред почетокот на шампионатот – наша цел е да освоиме медал. Ако загубиме утре од Србија нема да биде никаква трагедија, ќе ја продолжиме нашата мисија. Би потпишал веднаш – да загубиме од Србите во групната фаза, а потоа да ги победиме во големото финале“, расположен беше Ергин Атаман на денешната прес-конференција.

Се вчитува...