Атаман: Сакам да ме споредувате со Жозе Мурињо

Турскиот стартег Ергин Атаман оваа сезона има шанса да стигне до третата последователна титула во Ефес во Евролигата. Клубот од Истанбул нема добар старт на сезоната со оглед на постојаните повреди на клучните играчи, меѓутоа во долгата сезона доволно е да се најде во самата завршница за шанса за најголемиот успех во европската клупска кошарка.

Говорејќи за шпанските медиуми контроверзниот турски стратег даваше свој поглед на повеќе теми, а откри и дека е голем фан на португалскиот виртуоз, Жозе Мурињо.

„Сакам да ме споредувате со Жозе Мурињо. Јас сум негов голем фан. Сите знаат дека не сум лош човек, напротив јас сум многу љубезен. Но, кошарката е ментална работа. Треба да веруваш во себе, во играчите и со целиот персонал. Да го имаш менталитетот на Жозе. Доколку по трет пат ја освоиме шампионската титула тоа ќе биде најголемиот успех во кошарката. Стариот европски Куп и сегашниот систем на Евролигата не можат да се споредат. Сега за да освоиш титула ти e потребнa 41 победа“, вели Атаман.

Се вчитува...