Дебито на Ергин Атаман на клупата на Панатинаикос на еден официјален натпревар не помина во светлото во кое што турскиот стратег очекуваше откако неговиот ѕвезден тим претрпе дебакл во Суперкупот на Грција каде беше поразен од Олимпијакос во натпревар во кој „зелените“ постигнаа само 11 поени во првото полувреме.
Во првата четвртина атинскиот тим реализираше само четири поени, во втората само седум по што Панатинаикос имаше голем заостаток од 37-11 по 20. минути игра. А, и покрај тоа што го поправи впечатокот во вториот дел од мечот тимот предводен од Атаман мораше да се задоволи со пораз од 24 разлика.
По дебаклот Атаман не се појави на пресконференцијата за медиуми со образложение дека не се чувствува добро. Него го замени помошникот Савас Камеридас што наиде на големо незадоволство кај грчката јавност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

