Атаман со нов изговор: Ние играме кошарка, а не американски фудбал, пишувајте за судиските рекорди

Веќе станува вообичаена пракса, по секој пораз на Панатинаикос се бара виновник за неуспехот, и тоа речиси никогаш не е во таборот на „зелените“ од Атина.

Така, ПАО загуби на гостувањето против Барселона, а Атаман вината ја насочи кон судиската тројка….

„Играме кошарка, ова беше кошаркарски натпревар. Не е американски фудбал, очигледно некој мислеше дека станува збор з друг спорт. Имавме осум фаули во напад во второто полувреме, ова е првпат да видам такво нешто. Дојдовме да играме кошарка, ние сме многу добар кошаркарски тим, но ако треба да играме рагби или американски фудбалер, со вакви судии во Евролигата нема да можеме да победиме никого. Им честитав на момците во соблекувалната бидејќи победивме во кошаркарскиот меч одиграм во првото полувреме. Во вториот дел не бевме доволно подготвени да играме американски фудбал и затоа загубивме. Играчите прават рекорди, пишувате за Везенков и за Хејс-Дејвис, денеска напишете нешто за рекордите на судиите“, критичен беше тренерот на Панатинаикос.

Се вчитува...