Пред почетокот на Евробаскетот, селекторот на Турција Ергин Атаман ги искажа своите очекувања од престојниот европски собир на најдобрите репрезентации.
Турците доаѓаат на Евробаскетот со добар состав, и едни од фаворити од сенка да направат голем резултат. Атаман формираше добар играчки кадар со младата ѕвезда Алперен Шенгун, како и со Џеди Осман, Онуралп Битим и Омер Јуртсевен.
„Можам да кажам дека постигнавме многу добра хемија. Имавме одличен период на подготовка и видовме како расте нашата форма. Секој играч во тимот има значително искуство и имаме многу самодоверба. Зборував за фактот дека нивото на нашиот тим ќе биде јасно по натпреварите со Литванија и Германија. Како што можеме да видиме, сме во добра форма. Ќе ги распределиме минутите за генералната проба со Црна Гора и дека секој играч може да го даде својот максимум на Евробаскетот “, рече Атаман.
Тој смета дека Србија е главен фаворит за Европското првенство.
„Србија се чини дека е фаворит за освојување на турнирот. Вистина е дека имаат многу квалитетен тим. Сепак, освен нив, девет или десет тима се кандидати за медал, а ние сме еден од тие тимови. Имаме самодоверба и верувам дека во последен момент ќе бидеме во игра за медал “, заклучи Атаман
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

