Атаман удри по двајца свои кошаркари: Секое дерби имаат по нула поени

Ергин Атаман не го прифати најдобро поразот во големото дерби со Олимпијакос, десетти неуспех во низа за турскиот стратег кога од другата страна го има големиот грчки ривал.

Атаман неочекувано „удри“ по своите кошаркари, и тоа Митоглу и Хернангомез кои според него потфрлиле во дуелите со Саша Везенков.

„Пред се сакам да му честитам на Саша Везенков кој покажа дека е вистински крилен центар. За жал, ние игравме без крилни центри. Нашите двајца играчи на оваа позиција, Хуанчо Хернангомез и Динос Митоглу, имаа по нула поени, како и на сите дерби дуели што ги играме. Саша даде 24 поени, презеде одговорност, честитки до него“, критичен беше Атаман по мечот.

Се вчитува...