Атаман „удри“ по својот Анадолу Ефес

Турскиот тренер Ергин Атаман, сега на клупата на Панатинаикос, вечерва во Атина го совлада својот поранешен клуб Анадолу Ефес, со кого ја освојуваше Евролигата.

И покрај неизвесниот финиш, сепак, грчките кошаркари на крајот стигнаа до триумф од 83-76.

После одличното прво полувреме, во кое домашните заминаа со предност од 16 разлика, во последните два периоди турската екипа стигна во еден момент од три негатива. Но, во последните мигови „зелено-белите“ беа поконцентрирани и го добија натпреварот.

Играчот на Панатинаикос Григорис беше најефикасен со 26 постигнати поени.

Се вчитува...