Селекторот на Турција, Ергин Атаман, пред почетокот на квалификациите за Светското првенство, упати отворена и многу остра критика кон форматот на натпреварувањето на ФИБА.
Атаман пред утрешната пресметка со Босна и Херцеговина рече дека системот е лошо организиран, и не му е јасно како нема место на Мундијалот за тимот кој играл во финалето на Евробаскетот.
„Вие сте финалист на Евробаскетот, а сепак немате сигурен билет за Светското првенство. И потоа мора да играте со различен тим. Нема да ги имам истите играчи ниту во овој циклус. Тоа е како коцкање. Апсурдно е тоа што шампионот и финалистот на Евробаскетот треба да се соочи со второлигашки екипи за место на Светското првенство “, рече Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

