Европската колонијата на кошаркари во САД полека, но сигурно ги поместува границите во најсилното кошаркарско натпреварување. Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Руди Гоберт, Давис Бертранс, се само дел од имињата кои импресираат со своите настапи, а самото тоа отвори и уште една тема.
Имено, се повпечатливи се разговорите дека тренер од Европа заслужува да добие шанса во НБА лигата, а за тоа говореше и Ергин Атаман, кој во разговорот за ‘Jumpball’, изјави дека на НБА лигата и е потребен Жељко Обрадовиќ.
„Можеби некој во НБА лигата ќе сфати дека Еволигата и европската кошарка се многу подобри од НБА и ќе го викне најдобриот тренер од Европа да биде тренер во НБА. Тој заслужува да биде тренер во НБА и можеби тоа ќе ги отвори вратите за сите успешни европски тренери во иднина да предводат клуб од САД. Да не бидат тоа само играчи. Сега е право време за европските тренери да бидат тренери во НБА“, изјави тренерот на Ефес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА